Јусуф Нуркиќ е најголемиот лузер во историјата на НБА плеј-офот

„Дрим тимот“ на Феникс е најголемото разочарување на сезоната во НБА лигата. Тимот предводен од Кевин Дурент и Девин Букер, а за кој настапува и Јусуф Нуркиќ претрпе елиминација во првата фаза од разгирувањето за титула и тоа со „метла“ од страна на разиграната Минесота.

Елиминацијата на Феникс донесе и неславен јубилеј за репрезентативецот на Босна и Херцеговина. Имено, 29-годишникот е најголемиот лузер кога станува збор за плеј-офот.

Нуркиќ во неговата кариера одигра 20 натпревари во разигрувањето за титула, а се радуваше на само три победи со што со 15 отсто успешност го има најлошиот процент на победи во историјата на НБА лигата кога станува збор за играчите кои одиграле најмалку 20 натпревари од овој вид.

 

Се вчитува...