Регион

Затвореник избегал од струмичкиот затвор, полицијата го врати назад

Во близина на село Крупиште, општина Карбинци, синоќа околу 20:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – отсек потраги со полициски службеници од СВР Штип го уапсиле Г.Т. од село Долни Балван, општина Карбинци кој бил баран со потерница.

Како што соопштија денеска од МВР, тој бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело уцена, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување една година и еден месец од казната.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.

Препорачуваме:

Отворена телефонска линија за пријавување повреди на избирачко право

Стојне Митева

Младите волонтери од Црвен Крст денеска со силна порака за заштита на младите од трговија со луѓе и проституција

Стојне Митева

Денеска се одбележа една година постоење на детската градинка „Виножито“

Ѓ. K.