Во Охрид денес претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 14. степени
Охрид, 23. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.
– Утре особено во југозападните делови ќе засилува југозападен ветер, а утре и во четврток ќе има локална појава на повремено пороен дожд и услови за грмежи. Потоа следи период на претежно стабилно и постепено потопло време, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |