„Феникс“ – театарска претстава од млади за млади

Програмската активност насловена „ОД МЛАДИ ЗА МЛАДИ“ има цел на редовните ученици од нашето училиште за театар „Од игра до претстава“, како и во тесна соработка со другите сродни училишта од Скoпје и Македонија, да овозможи на сите млади таленти соодветен креативен театарски простор, каде ќе можат да ги покажат своите вештини, пред поширока публика.

Денес, со почеток во 18:30 часот, во просториите на училиштето ќе биде изведена претствата „Феникс“.


Оригиналната идеја за овој проект потекнува од наш драг колега актер и пантомимичар Трајче Ѓорѓиев, кој заедно со Мето Јанакиевски поставија монопантомимска претстава посветена на СКОПЈЕ 1963. Истата претстава, беше учесник на неколку фестивали, каде Трајче беше потписник на режијата, а Мето актерот-пантомимачар. Со радост и со голема посветеност Мето како истакнат пантомимичар, заедно со колегите од училиштето за театар и со учениците ја освежија оваа претстава која симболично го носи насловот на вечноста, препородот. ФЕНИКС е претстава не само за Скопје, туку за љубовта, пријателството, содлидарноста, за другарството.

Училиште за театар „ОД ИГРА ДО ПРЕТСТАВА“


МЕНТОРИ:
Игор ИВКОВИЌ
Миодраг КОСТИЌ
Марина ПОП ПАНКОВА
Мето ЈАНАКИЕВСКИ Идеен концепт за претставата и режисер: Трајче Ѓорѓиев
Актер и асистент на режисер: Мето Јанакиевски
Избор на музика: Трајче Ѓорѓиев, Мето Јанакиевски
Соработници на идеен концепт: Миодраг Костиќ, Игор Ивковиќ, Марина Поп Панкова

ИГРААТ:
Мето Јанакиевски, Јана ГРУПЧЕВА, Ведран МАРИЧИЌ, Теодора Трајковска, Ена МОЈСОВСКА, Теофил САЧКАРСКИ, Андреј ТАНУШЕВ, Анастасија РАТКОВА.


Цена на билет 200 денари. Продажба на билети: на денот на изведбата на претставата од 15:00 часот до почетокот на истата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …