Поевтинува дизелот, поскапуваат бензините

од Nikola Popovski

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука за новите цени на горивата.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 од утре ќе се продава поскапо за 1 денар, и ќе изнесува 87,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе се продава по цена од 90 денари по литар, што значи поскапување за 1,5 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 1,5 денари, и од утре ќе продава по цена од 76 денари по литар.

Поевтинува цената на екстралесното масло за 1,5 денари, и од утре ќе изнесува 76 денари. Цената на мазутот се зголемува за 0,3 денари, и од утре ќе се продава по цена од 44,6 денари по килограм.

Од 23.4.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,554 (денари/килограм)

Слични содржини