ЈАТРВАТА НА АЛМА ПОД ИСТРАГА: Семејството на уапсениот сопруг крие детали од полицијата?! ЕДНА РАБОТА НА ВИДЕОТО ПРЕДИЗВИКУВА СОМНЕВАЊЕ (ВИДЕО)

Полицијата се сомнева дека семејството на Ерџис Арази крие детали за смртта на неговата сопруга Алма и нивните три деца кои се удавија во Бојана кај Скадар !

Албанскиот Топ ченел наведува дека јатрвата на Алма Араз е под истрага бидејќи постојат сомнежи дека не дала искрена изјава на рочиштето.

– Јатрва е клучна личност и истражниот тим се сомнева дека не била искрена кога кажала што разговарале во кафулето. Во тие два часа сигурно се случило нешто што ја прелило чашата – вели новинарката Анила Хоџа и додава дека работата се уште е во истрага.

Хоџа наведува дека се уште не е сослушана ниту љубовничката на Ерџис .

– Истражниот тим одлучил во друг момент да ја сослуша бидејќи е во тешка состојба – раскажува новинарот и додава дека девојката била во врска со Ерџис седум месеци.

Скадар, Алма Арази

Албанските медиуми, да потсетиме, во четвртокот објавија видео на кое се гледа моментот кога Алма со ќерките и синот и сопругата на братот на Ерџис околу 20 часот излегуваат од кафулето на шеталиштето и секоја оди на своја страна. На видеото се гледа дека жената го извадила телефонот штом Алма и децата се оддалечиле и почнала да пишува порака.

Камерата потоа ги снимила Алма и децата како мирно поминуваат по стариот мост на Бојана десет минути подоцна, држејќи се за рака и последен пат биле видени живи.

Засега не се знае што точно се случило потоа.

Албанскиот портал Панорама наведува дека полицијата на брегот пронашла кукла за која се претпоставува дека и припаѓала на помалата ќерка и дека тоа всушност ја насочило потрагата кон тој дел од реката. Полицијата сега ја проверува можноста Алма околу 22 часот да се симнала на брегот на Бојана каде се удавила заедно со децата. Засега, пак, нема сведоци кои ги виделе Алма и децата на брегот или слушнале метеж и детски врисоци.

Обвинителството не соопшти на кого се јавила жената по разделбата со Алма и дали Ерџис можеби знаел каде отишла Алма со децата. На рочиштето тој рекол дека во тој момент бил во семејната продавница за мобилни телефони лоцирана од другата страна на Скадар, додека резултатите од вештачењето на базните станици се уште не биле пристигнати. Не е ни познато дали на телата на Алма и на децата биле пронајдени траги на насилство.

Ерџис Арази се уште е во притвор поради сомнение дека влијаел врз неговата сопруга да се самоубие. Обвинителството во четвртокот соопшти дека во неговиот телефон биле пронајдени фотографии и видеа со неговата љубовница, а на некои фотографии се сликале заедно со неговиот син .

Алма Арази (39) и нејзините три деца, да потсетиме, се удавија во Бојана минатиот четврток, додека Ерџис го пријавил нивното исчезнување еден ден подоцна.

Локален рибар најпрво случајно го пронашол телото на деветгодишното девојче Ергеза, додека спасувачките служби подоцна ги пронашле осумгодишната Грасит и четиригодишниот Ардит.

Телото на Алма било пронајдено последно.