Милан двапати губеше, па водеше, но на крајот со комичен автогол остана без два бода (Видео)

Екипите на Милан и Џенова одиграа ефикасно реми, 3-3, во меч без резултатско значење во италијанската Серија. Гостите двапати имаа водство, со 0-1 и 1-2, па Милан за три минути направи пресврт и првпат поведе на мечот со 3-2, но остана без победата во 87-мата минута со комичен автогол.

Џенова поведе преку Ретегуи во петтата минута, а Милан израмни преку Флоренци во 45-тата. На почетокот од второто полувреме, односно во 48-мата минута, Екубан носи ново водство за Џенова, овој пат од 1-2. Домашшните преку Габиа во 72-рата и Жиру во 75-тата брзо направија пресврт, но Тиав во 87-мата си постигна автогол и ги постави конечните 3-3 на мечот на „Сан Сиро“.

- Оглас -

Најнови вести