Втор протест на ФИНКИ за простор, остануваат на барањето да се вселат во просториите на БРО

Втор протест на ФИНКИ за простор, остануваат на барањето да се вселат во просториите на БРО

Втор протест за само десет дена на студентите на ФИНКИ. Тие преку маратон од градски парк до Влада го изразија своето незадоволство затоа што немаат соодветни услови за учење.Па често се преморени предавањата да ги следат од дома. Немаат амфитеатар, предавалните се тесни, шетаат по објектите на машински и електро за да полагаат испити.

Деканот на факултетот, вели дека неколку години се разгледуваат државни објекти каде би можел да биде сместен ФИНКИ, но засега владата не го решила проблемот.Јакимовски е дециден дека остануваат на своите барања, и доколку на следната владина седница не се изнајде решение за нови простории на факултетот, протестите ќе продолжат.

“Во изминатите десет дена, по нашиот прв протест, активно комунициравме со претставници од разни институции коишто ги посочи Владата, за изнаоѓање трајно решение, но засега тоа е невозможно да се направи. Затоа се уште стоиме на нашето барање да се ослободи што е можно повеќе простор во техничко-технолошкиот кампус за да можеме да го реновираме и од 1 октомври да почнеме со настава во тие простории”, изјави Боро Јакимовски, декан на ФИНКИ.

Во буџетот за годинава не се предвидени пари за оваа намена.Изградбата на зградата за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура почна пред околу 8 години, но откако фирмата изведувач отиде во стечај објектите останаа да стојат недоградени во фаза на карабина.

На ФИНКИ студираат речиси 5 илјади студенти, а интересот за студии континурано расте секоја година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста