ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Од:

ВМРО и СДСМ веќе се обединија против барањето на Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт изборот на претседателот да биде во Собранието, како главна точка на Платформата што лидерот Али Ахмети ја истакна во промоцијата на Османи за претседател на државата велат од ДУИ.

– Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт ги потсетуваат двете партии дека, како што оствари првиот премиер Албанец, така ќе биде и првиот претседател Албанец. Јавноста знае дека на почетокот ВМРО, СДСМ и нивните поддржувачи беа против „премиер Албанец“ но денес – Талат Џафери ја предводи Владата, а министри од ВМРО и СДСМ се дел од неговиот кабинет. Широката мултиетничка коалиција Европски фронт докажа дека политиките на ДУИ биле и се за целосна рамноправност на сите граѓани, без разлика на етничката и верската припадност, а главната цел останува најбрзото можно членство на Северна Македонија во Европската Унија. Ова ќе биде запечатено на 24 април со претседателот што доаѓа, Бујар Османи, и на 8 мај, кога Европскиот фронт ќе биде клучот што ги отвора вратите на Владата во следниот мандат, се вели во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

До Управниот суд стасана една тужба од ВЛЕН, тужби има и ДУИ за сите седум избирачки места

Горан Наумовски

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

Адеми: Нам ни припаѓа легитимитетот кај немнозинските заедници

Претседателството на ДУИ почна состаноци за позиционирање по изборите