Рома успеа да направи 10 измени на еден меч

Удинезе и Рома пред две недели го започнаа својот првенствен меч, а завршницата на дуелот се случи дури синоќа. При резултат 1:1, во 72-рата минута фудбалерот на Рома, Еван Ндицка, ненадејно падна на тревата откако почувствувал болка во градите.

Веднаш реагираше лекарската екипа, а судијата реши мечот да биде прекинат. За среќа, фудбалерот на Рома се чувствува добро. Челниците на Серија А решија тој прекинат дуел да се доигра синоќа, а Рома на крајот победи со 2:1, и тоа благодарение на погодокот постигнат во 90+5 минута, кога Кристанте донесе голема радост за гостите.

Тоа што привлече посебно внимание е дека Рома синоќа на терен излезе со шест нови фудбалери во однос на тие со коишто играше пред две недели. Порај шестемина нови играчи, во финишот на средбата Волчицата направи уште две замени, а ако се додадат и двете замени направени од дуелот кој започна пред две недели, се доаѓа до бројката од 10 измени кои ги направи Рома на оваа средба.

Поради специфичноста на дуелот, ваквите замени беа дозволени, па на крајот се регуларни сите 10 измени што ги направи Рома на ова гостување кај Удинезе.

- Оглас -

Најнови вести