Заев го советува Ковачевси да си поднесе оставка од лидерското место во СДСМ?!

Заев го советува Ковачевси да си поднесе оставка од лидерското место во СДСМ?!

Дали Зоран Заев го повика Димитар Ковачевски да поднесе оставка од позицијата лидер на СДСМ? Говорејќи за начинот како дошол на власт, но и како граѓаните го поразиле на локалните избори во 2021-ва, порача дека политичарите мора да преземаат одговорност. Оваа порака на поранешниот премиер доаѓа само неколку дена, откако Стево Пендаровски и СДСМ доживеја дебакл во првиот круг од трката за претседател. Партијата прв имаше под 200.000 гласови. Заев зборовите ги кажа од настан во Вирџинија, САД, во организација на Канвас, која важи за идеен творец на Шарената Револуција.

-Во септември 2021-ва мојата политичка партија ги загуби локалните избори за градоначалници. И јас ја презедов целосната одговорност и поднесов оставка, затоа што тоа е демократскиот пат, некој мора да преземе одговорност и да прати порака дека политичарите мора да покажат одговорност. Луѓето гласаа на многу фер и регуларни избори и одлучија да ги променат нашите градоначалници, изјави Заев.  

Ковачевски веќе два пати повтори дека не размислува за оставка по осми мај, односно после изборите ќе имало конгрес, на кој ќе се разговарало за негова и одговорност на партиското раководство.

-Кај нас во статутот јасно е регулирано одржување на отчетен конгрес на кој што се прави анализа на резултатите и потоа избори на кои што се бара изјаснување во однос и на претседател на партијата и во однос на сите други органи на партијата, вклучително и на централниот одбор, потпретседатели и сите други органи, изјави Ковачевски.

Според познавачите судбината на Ковачевски веќе е позната, тој по изборите повеќе нема да биде лидер на СДСМ.

-Дефинитивно ќе си поднесе оставка, нема да чека конгрес, поради тоа што свесен е во каква ситауција ја донесе СДСМ со неговите кадровски одлуки, лоши политики кои што ги креираше, така да верувам дека ќе си поднесе оставка. Ова што сега вели дека нема е само предизборен маркетинг, со цел да не ги декуражи тие гласачи на СДСМ, изјави Пекевски.

Инаку, во првиот круг од претседателските избори доживеа целосен дебакл. Пендаровски освои нешто повеќе од 180.000 гласови, што беше прв пат оваа партија да падне под 200.000 гласа. Претходно најслаб беше резултатот на Љубомир Фрчкоски во 2009-та година, кога освои 202.000 гласови во првиот круг од претседателската трка со Ѓорге Иванов.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )