Роке: Сон е да се игра на „Камп Ноу“

Младиот бразилски фудбалер, Виктор Роке, кој го напушти Атлетико Параненесе и се пресели во Барселона, вели дека фудбалот во двете земји е многу различен. 18-годишниот играч успеа да постигна два гола за Каталонците на 7 натпревари а на дуелот со Алавес го доби и првиот црвен картон.

„Тука фудбалот е поразличен. Се обидувам да научам колку што можам повеќе од играчите на теренот и во соблекувалната. Рафиња најмногу ми помогна во адаптацијата бидејќи и тој е Бразилец. Многу ми помагаат и Араухо, Жоао Феликс и Кансело“ – изјави Роке. „Барселона е најголемиот клуб во светот. Големината се состои од дресот, историјата, тука има играчи со кои сум играл на видео игрите и сега ми се соиграчи и се чувствувам многу горд. Сон е да се биде тука и среќен сум со се што се случува“ – изјави Роке за „Мундо Депортиво“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО