Костадиновска Стојчевска: Изборите не се завршени, сериозно ја сфаќаме пораката на граѓаните

35

Коносителката на изборната листа на СДСМ, за петтата единица, Бисера Костадиновска Стојчевска, на гостувањето на емисијата „Само вистина“ на Канал 5, кажа дека изборите не се завршени и дека граѓаните испратиле порака во првиот изборен круг, но дека СДСМ како сериозна партија ја сфатил пораката.

Коносителката на изборната листа на СДСМ, за петтата единица, Бисера Костадиновска Стојчевска, на гостувањето на емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, кажа дека изборите не се завршени и дека граѓаните испратиле порака во првиот изборен круг, но дека СДСМ како сериозна партија ја сфатила пораката.

„Изборите сѐ уште не се завршени нас, имаме втор круг од претседателските избори и имаме парламентарните избори на 8 мај, што значи дека ништо не е завршено. Секоја порака која што ја праќаат граѓаните сериозно ја примаме, сериозно ја сфаќаме и ја земаме во предвид затоа што ние секогаш сме биле партија на страна на граѓаните. Во ниту еден момент не го изгубивме тлото и не работиме за тесни интереси, напротив, и претходната изборна програма, и новата програма за следниот мандат во центарот ги става граѓаните“- изјави Костадиновска- Стојчевска.

Таа ја потврди поддршката за претседателот Стево Пендаровски, како политичар кој ги дели социјалдемократските вредности и државните интереси. Очекува двојна победа затоа што граѓаните на 8 мај имаат голема шанса да изберат европска и просперитетна држава.

„Имаме реформулирање на пораките што ги праќаме до граѓаните, но главно остануваат големите резултати што ги постигнавме во изминатиот мандат и она што заедно ќе го направиме во иднина. Она што го сфативме е дека секогаш кога работиме за доброто на државата, кога како приоритет ги имаме државните интереси и стратешките определби, тогаш носиме долгорочни одлуки и нормално е дека не може сите да бидат задоволни. Важно е дека најголем дел од тие одлуки за покажаа како исправни за напредокот на државата“- образложи Костадиновска – Стојчевска, во емисијата “Само вистина“.