Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Велигденски украси поставени на плоштадот „Св. Климент Охридски“

Охрид, 29. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска на плоштадот „Св. Климент Охридски“ беше поставено велигденско украсно јајце со христијанскиот поздрав Христос Воскресе, две дрвени клупи и други реквизити во духот на празникот наменети за најмладите.

Украсите се дело на академскиоит скулптор Зорица Азеска Спасеска, професорка по ликовно образование во ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец.

– Локалната самоуправа, секоја година ќе обезбедува нови реквизити и украси кои ќе го красат градот за време на Велигденските празници. Целта е секој кој ќе се фотографира пред наведените украси со себе да понесе фотографија – спомен на нашиот Ерусалим на Балканот, соопштија од Општина Охрид.

Утре ќе одржи традиционалниот Велигденски базар на плоштадот „Крушевска република“. Покрај продажно-изложбениот дел, во рамки на програмата предвидена е и културно-уметничка програма на која ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“,; КУД „Фаланга“ и КУД „Филиграни“.

На базарот ќе земат учество сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници и производители на охридски и македонски традиционални јадења.

Велигденскиот базар и оваа година ќе има хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно. Исто така, ОО на Црвен крст ќе постави свој штанд, со кутија за донации каде што секој посетител ќе има можност да даде своја донација за помош и поддршка на ранливите категории граѓани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука