Македонија

Карваните полни розови ветувања поаѓаат-почнува парламентарната изборна кампања

Од денеска изборните карвани за парламентарните избори на 8 мај почнуваат со крстосување низ државата. Граѓаните ќе се за запознаат со нивните програми, но ќе слушнат и многу празни ветувања. Иако сите начелно ветија дека ќе водат позитивна кампања, нема да се одолее на црната кампања. Кампањата за Претседателските избори ќе трае до полноќ, на 22 април (понеделник), а во вторник е ден за одмор и средување на впечатоците за понудите за шеф на државата.

Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ стартува денеска со настан „Нема откажување од иднината“ во Скопје, а потоа ќе одржи средби со граѓани и митинзи во Демир Капија и во Гевгелија. Активности ќе има и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Чешиново-Облешево, Виница и Кочани. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, традиционално почнуваат од Охрид, од петата изборна единиица. Освен кандидатите за пратеници на митингот ќе биде и кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Коалицијата „Европски фронт“ ќе има активности во Скопје за конститутивна седница на победничко собрание од Парламентарните избори на 8 мај 2024 и претставување на претседателскиот кандидат Бујар Османи, како и централен митинг во Куманово. На свој терен во Куманово ќе биде и ЗНАМ и претседателскиот кандидат Максим Димитриевски. Во Штабот на Коалиција албанската опозиција Вреди, на плоштадот Скендербег претседателскиот кандидат Арбен Таравари и на носителите на листите на кандидати за пратеници во сите изборни единици ќе одржат прес.

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска кампањата за претставување на изборната програма ја продолжува со митинг во Велес, на кој ќе се обратат и претседателот на Левица и носител на листа на ИЕ1 Димитар Апасиев и носителот на листа на ИЕ3 Борислав Крмов. Најавени се активности и на останатите учесници на изборите со кандидатски листи Коалцијата „Храбро за Македонија“ која ја сочинуваат ГРОМ, ПЦЕР и Интегра, партиите Македонска Ера Трета, Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија.

На почеток