Јанис ја пропушта цела серија против Индијана

Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плејоф серијата во која ривал ќе им биде Индијана пејсерс. Бакс нема да може да сметаат на својата прва ѕвезда и најдобар кошаркар Јанис Адетокумбо.

Според американските медиуми, Јанис ќе отсуствува од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон селтикс. Овие првични проценки  значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.

Плејоф серијата меѓу Милвоки и Индијана стартува во недела вечер, a доколку поранешните шампиони успеат да ја минат првата пречка во плејофот, големи се шансите да го имаат Адетокумбо во тимот во текот на полуфиналето од Источната конференција.

Се вчитува...