Изречени 34 санкции за прекршоци на возила што вршат јавен превоз на патници

35

Во акциска контрола на територијата на Република Македонија полицијата изрече 34 прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници, од кои 23 поради неисправен уред за запирање.

– Упатени на вонреден технички преглед биле 181 автобус и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 159 други видови на сообраќајни прекршоци – велат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

– Навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци – информираат од МВР.