Ромарио му се врати на фудбалот, но сега жали: „Ова не е повеќе за мене“

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио, се реши повторно да ги облече копачките 16 години откако стави крај на својата кариера. Освојувачот на Мундијалот во 1994 година со Бразил, одработи тренинг со екипата на Америка де Рио де Жанеиро.

Интересно е тоа што фудбалерот е претседател на таа екипа, а тренингот го одработи за да го оствари својот сон. Меѓутоа „кам-бекот“ на Ромарио очигледно ќе биде само еден тренинг.

„Многу сум изморен. Не сум тренирал 16 години, не е ова повеќе за мене. Барав носилки да ме однесат“, рече Ромарио кој се пензионираше во 2009 година.

Сега му се врати на фудбалот за да заигра со својот син. Америка се натпреварува во пониските лиги на Бразил, и Ромарио ќе биде најголема ѕвезда. Меѓутоа доколку заигра, а судејќи според неговите први изјави, тоа нема да сеслучи.

Се вчитува...