Бојмацалиев од Кочани: Успешно распоредени гласачките материјали по гласачките места

Денеска во Општина Кочани во посета беше заменик министерот за внатрешни работи, Митко Бојамацалиев, кој исткана дека граѓаните се безбедни, а полицијата е на висината на својата професонална задача за време на престојните избори. Кој како што вели дека постигнатите резултати на територија на СВР Штип се задволотелни.

„По денешниот состанок, може да констатираме дека на територија на СВР Штип материјалите се успешно распоредени по гласачките места, МВР ги обезбедува со пешадиски и со мото патроли. До сега немаме никакви индикации за нарушување за денот на гласањето. Исто така бев информиран и за резултатите кои ги постигна СВР Штип на територијата дека се задоволителни и во тенденција за подобрување. Со тоа граѓаните се безбедни и полицијата ги извршува своите професионални работи.„ изјави Бојмацалиев

Во оваа прилика Бојамцалиев истакна дека една од темите на разговор била и темата за бонусите на платите, како и изградбата на патот Штип-Кочани.

„Парите за исплата на бонус платата се обезбедени, по завршивање на избориите колегите ќе бидат исплатени. Тоа е нешто што редовно го правиме од 2017 до ден денеска, а порано не беше така. Бонус платите не беа исплатени. Исто така го отвориме прашањето за патот од Штип до Кочани каде што имаме чести сообраќкни незгоди и за жал имаме голем број на човечки жртви, и констатацијата е дека е неприлагодената брзина на учесниците во сообраќајот„ – истакна Бојмацалиев.

Бојмацалиев е дециден дека граѓаните се должни да ги почитуваат сообраќајните знаци се со цел за се достигне поголема безбедност во сообраќајот.

Лаура Стојанова М-Нет