Вести Македонија

Џамбаски реагира на запирањето на бугарски граѓани на Деве Баир и повикува Гоце Делчев да се слави и во Грција

Тоа што во моментов се случува на граничните премини со Република Северна Македонија е апсолутен срам, изјави бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, од Благоевград каде што присуствуваше на чествувањето на Гоце Делчев.

Ги запираат бугарските граѓани, ги задржуваат, ги малтретираат. Тактиката не е да ги запрат луѓето, затоа што немаат причина за тоа, но сосема спокојно можаат да задржуваат автомобили и автобуси по неколку часа, само за безсрамно да ги задржуваат. Вашите колеги, но и Бугарите кои се на границата, ми кажаа дека нема утврдено време во кое бугарската делегација ќе положи цвеќе. Тоа е невиден срам, изјави Џамбаски.

Џамбаски исто така додаде дека претходните години, за време на чествувањата на 4 фебруари во Скопје, бугарските делегации биле исвиркувани и навредувани. Тој потсети и дека на минатогодишната манифестација венецот на тогашната министерка за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска, бил искинат од антибугарски провокатори.

Овој срам не треба да се потхранува. Гоце Делчев треба да биде чествуван од секој Бугарин. 4 фебруари е денот на раѓањето на Гоце и малку е извитоперено што скопската пропаганда неговото раѓање го одбележува пред саркофаг. Вообичаено луѓето одат на гробот на датумот кога човекот починал, кога се прави и панихида. Дали, и кога ќе одиме во Македонија, ние ќе одлучиме, не може било кој да ни кажува кога да се поклониме. Никој нема да ни кажува, нам Бугарите, кога ќе им оддаваме чест на нашите херои. Нема да нѐ вовлечат во нивните провокации и пропаганда, рече Џамбаски.

На крај Џамбаски рече дека во зависност од ситуацијата на границата, тој и останатите симпатизери на бугарското ВМРО, ќе одлучат дали ќе патуваат до Скопје.

Ако овие провокации продолжат, апсолутно навредливо е во име на сеќавањето на Гоце да се учествува во ваков циркус и да станеме дел од оваа антибугарска кампања, рече Џамбаски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК: Излезноста на гласачи до 9 часот помала во однос на 2019 година

Дејан Дејан

На гласачкото место 2640 повеќе гласачи утрово во однос на првиот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Гласачките места отворени на време, доцнеше почетокот на избирачко едно место во Тетово поради проблеми со апаратот за идентификација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе