Три јајца се бојадисуваат со црвена боја – која е симболиката на бројот три и црвената боја?

Со простирање на црвно платно на терасата или оградата, и фарбање на јајцата, се означува Велики четврток, ден од светата недела. Традиционално е да се фарбаат по три јајца, потоа се изнесуваат на светлина, за да ги фати утринското сонце. Симболиката на црвената боја ја означува Христовата крв, поточно неговото мачење на гревовите на луѓето. Додека пак симболикта на јајцето означува преродба и Христовото воскресение.

„Симболиката на овој ден Велики четврток , значи од оваа света недела на Велигден вообичаено е да се вапцаат јајца за овој празник. Овој ден рано утрината стануваат домакинките, постилаат црвено платно на терасата или на оградата, и ги фарбаат првите црвени јајца.Вообичаено е да се фарбаат три меѓутоа во поново време кој како има желба. Првите три се изнесуваат откако ке се фарбаат, се изнесуваат на прозорот да ги фати првото утринско сонце.Симболиката а црвена боја всушност ја означува Христовата крв, или го симболизира мачеништвото на Христос за гревовите на луѓето. Симболиката пак на јајцето како јајце што се фарба на овој ден значи се потекнува од јајцето, означува нов живот, озмачува преродба, како црковното што се означува христовото воскресение.“ – вели Иванова.

Во поново време дел од домаќинките се одлучуваат да отстапат од бојадисувањето на јајцата со традиционалната црвена боја и да внесат одредена шареноликост . Па така секоја боја има свое посебно значење.

„Има тендеција јајцата да се фарбаат во други бои што означува на еден начин секоја боја си има свое значење. Така да речеме жолтата боја ја симболизира светлината и радоста, зелената ја симболизира надеждта и доаѓањето на пролетта, сината ја означува ведрината, синилото на небото, виолетовата ја означува бојата на богатството и просперитетот“

Исто така на полноќ на Велики четврток небото се отвора,за да слезат кај совоите блиски душите на пртвите, кои остануваат на земјата 40 дена. Во минатото на овој ден луѓето ги осветувале новите домови.