Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и на повисоките места и од дожд и снег во пониските предели. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер, кој ќе се задржи и во текот на ноќта, кога на повеќе места ќе биде силен со над 80 километри на час, а на планините и над 90 километри на час, што ќе предизвика нагло опаѓање на температурата кон недела. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12 степени.

Во Охрид ќе биде облачно со услови за врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Од УХМР известуваат дека утре времето ќе биде променливо облачно и значително постудено, а на места ќе провејува снег и ќе дува силен северен ветер. Во следните денови ќе се задржи стабилно, студено и ветровито време со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула.

OhridNews