Ритер: Украина мора да биде подготвена за губење на нови територии

Од:

Украина ќе ја изгуби контролата врз нови територии доколку продолжи конфликтот со Русија, изјави поранешниот разузнавач на американскитe маринци, Скот Ритер.

„Украина има неповратна загуба на 20 отсто од територијата, а овој процент може да се зголеми ако конфликтот продолжи“, рече офицерот.

Според него, Украина веќе загубила од 200 до 300 илјади војници, а милиони нејзини жители станале бегалци. Украина исто така изгуби инфраструктура вредна трилиони долари.

Од сето ова може да се извлече само еден заклучок: Киев не треба да биде заинтересиран за продолжување на непријателствата, заклучува Ритер.

Русија во неколку наврати укажа на својата подготвеност за преговори за решавање на конфликтот, но Украина им наметна забрана на законодавно ниво.

Претседателот на Републиката Володимир Зеленски на самитот на Г-20 во ноември минатата година рече дека „нема да има Минск-3“.

Прес-секретарот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, истакна дека таквите зборови апсолутно ја потврдуваат позицијата на Киев за неподготвеноста да започне дијалог.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски