Опозицијата во Венецуела номинира замена за претседателскиот кандидат


– Опозициската алијанса на Венецуела номинираше нов претседателски кандидат, надевајќи се дека ќе го спречи нејзиното претстојно исклучување од изборите за четири месеци.


Едмундо Гонзалес Урутија сега е регистриран како „привремена“ замена за вистинската кандидатка Корина Јорис, која не можеше да биде регистрирана до крајниот рок, соопшти опозициската алијанса Унидад Венецуела на платформата Х.


Дипломатот, кој беше венецуелски амбасадор во Аргентина и Алжир, беше регистриран на изборната листа „за да го зачува остварувањето на политичките права што одговараат на нашата политичка организација додека не успееме да го регистрираме нашиот кандидат“, соопшти партијата.

Националниот изборен совет (ЦНЕ), кој е под контрола на претседателот Николас Мадуро, одобри продолжување рокот на алијансата, бидејќи Јорис не можеше да биде регистрирана.


Причината за тоа се уште не е јасна. Според ЦНЕ, претседателските кандидати може да бидат сменети до 20 април.

Опозициската алијанса наведува дека залудно се обидувала од четвртокот минатата недела да пристапи до системот за регистрација на ЦНЕ за да ја пријави универзитетската професорка Јорис како кандидат.


Таа требаше да се кандидира против Мадуро, кој е официјално пријавен за изборите на 28 јули и сака да го обезбеди својот трет мандат. јт/ .

Извор: МИА