Фудбалерот на германскиот гигант си ги спакувал работите и отишол дома кога дознал дека не е во стартниот состав

од Симе Стоиков

Поранешниот играч на Ливерпул и РБ Лајпциг, а сегашен на Вердер Бремен, се најде во центарот на вниманието на тамошната фудбалска јавност поради невиден потег во германскиот фудбал.

Вчера Кеита требаше да отпатува со остатокот од тимот на дуелот од Бундеслигата против Баер Леверкузен, но тоа не се случи.

Имено, откако дознал дека нема да биде во стартниот состав на тимот од Бремен, Гвинеецот одбил да се качи во автобусот и да патува со остатокот од тимот, што го потврди и спортскиот директор на Вердер, Клеменс Фриц.

„Наби Кеита дозна дека нема да игра против Леверкузен од првата минута, па не се качи во автобусот, туку си замина дома. Ќе разговараме со Кеита и неговите менаџери за последиците и како да продолжиме по ова“, изјави Фриц.

Тоа беше форма на протест испратен од Кеита, кој оваа сезона забележа бедни 5 настапи во Бундеслигата.

Слични содржини