• недела, 19 мај 2024

Полицијата изрече 195 санкции за брзо возење

Полицијата изрече 195 санкции за брзо возење

Скопје,5 март 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на земјава  за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани 195 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 94 возила јa пречекориле брзината во населено место, а 101 надвор од населено место. 

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Тие апелираат  до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.ад/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан