EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Најдобриот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ постигна 51 поен на натпреварот со Детроит пистонс, кој Маверикс го доби со 111:105.

Словенецот по петти пат во кариерата постигна 50 или повеќе поени во еден натпревар. Тој стана третиот кошаркар во историјата на НБА кој го направил тоа во првите пет сезони во лигата.

Рекордот за најмногу вакви натпревари во првите пет сезони во НБА му припаѓа на Мајкл Џордан (17), додека Дончиќ се изедначи на второто место со Леброн Џејмс (5).