НЕСРЕЌА ВО СРБИЈА: Се откачи рингишпил, 13 деца се повредени – едно е во тешка состојба

1105
screenshot youtube

Во несреќата во Куршумлија, каде денеска се урна рингишпил, повредени се 13 деца, а едно е во животна опасност и пренесено на Вишата клиника во Ниш, потврди за Танјуг директорката на Здравствениот дом Куршумлија, Уранија Петровиќ.

Несреќата се случила кога дел од конструкцијата на рингишпилот се откачила на платото до автобуската станица, каде традиционално се наоѓа забавниот парк за саемот.

Тешко повреденото девојче е згрижено во нишката болница. Таа е реанимирана и е во многу тешка состојба. Останатите деца се пренесени во болницата во Прокупље, а некои веќе се пуштени на домашно лекување“, изјави Петровиќ.

Како што рече таа, седуммината повредени не се во животна опасност.

Рингишпилот е поставен на платото кај автобуската станица, а од српското МВР наведуваат дека полицијата и итната помош се на терен.