Петков: Не бегаме од фаворитската улога, знаеме како до нова победа над ТФТ

Полуфиналната серија од разигрувањето за титула во домашниот шампионат помеѓу МЗТ Скопје и ТФТ продолжува денеска од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ каде аеродромци ќе се обидат одново да го одбранат домашниот терен и да поведат со 2-0 против скопскиот ривал.

Еден од најмладите во составот, разигрувачот Марин Петков вели дека неговиот тим ја прифаќа фаворитската улога и ќе даде се од себе да ја забележи и втората победа во серијата со што „сино-белите“ би се доближиле чекор поблиску до финалето.

„Не очекува уште еден натпревар со ТФТ, тим што е квалитетен и незгоден, а што го покажа и во сите претходни меѓусебни дуели сезонава. Свесни сме дека сме фаворити и не бегаме од тоа. Подготвени сме да одиграме агресивно и на највисоко енергетско ниво, бидејќи само така ќе може да дојдеме до целта. Ќе сториме се за да дојдеме до победата и уште повеќе да се доближиме до финалето“, вели Петков.

Се вчитува...