Гвардиола за Гвардиол: Не може да верувате колку го сакаат луѓето

Хравтскиот репрезентативец во редовите на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол одигра нов одличен натпревар во дресот на „граѓаните“. Во победата од 5-1 над Вулверхемптон стоперот изнуди пенал на големо задоволство на тренерот Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стратег по натпреварот одвои време да говори за 22-годишниот стопер, а го пофали и за настапите на теренот и за односот надвор од него велејќи дека е фаворит кај целиот тим.

„Игра фантастично веќе со недели. Имаше период во кој не беше сигурен, но мислам дека тоа е нормално во првата сезона во Премиерлигата. Треба да се сте физички на едно друго ниво. Разговаравме, видовме неколку негови фантастични настапи. Може да игра и во средина и лево, тој е добар дечко со повеќе способности. Не може да верувате колку го сакаат луѓето поради неговата скромност. Многу сум задоволен со него“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...