Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на спринт трката во Мајами

Објавено

на

Макс Ферстапен го доби дуелот со Шарл Леклер во битката за пол-позицијата за спринт трката во Мајами, па од најдобра позиција ќе атакува на дополнителни поени предвидени од ова натпреварување.

Актуелниот Формула 1 шампион на крајот беше за 0,108 секунди побрз од ривалот од Ферари, додека третото место му припадна на Серхио Перез од Ред Бул.

Изненадување приреди Даниел Рикиардо, со освоеното четврто место во квалификациите за спринт трката.

До десеттото место се пласираа Саинц, Пјастри, Строл, Алонсо, Норис и Хулкенберг, а Расел и Хамилтон од Мерцедес ќе стартуваат од 11 и 12. место.

Спринтот денеска се вози од 18 часот, за неколку часа подоцна на програмата да бидат и квалификациите за утрешната главна трка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни