Американската амбасадорка ја напушти Русија

од Milan1

Амбасадорката на САД во Русија Лин Трејси привремено ја напушти Русија, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

– Да, колку што знаеме, амбасадорката Трејси ја напушти Русија на одреден временски период. Ова ни беше соопштено во МНР, извесно време пред конечно да се реши прашањето за повикување на амбасадорот – рече Рјабков.

Дипломатот додаде дека присуството на привремениот вршител на должноста на американската амбасада во Москва „не било предвидено на денешната церемонија на инаугурација“.

Американската амбасада соопшти дека Лин Трејси e на претходно планирано приватно патување и ќе се врати во Москва штом заврши патувањето.

Слични содржини