ВЕНЕЦИЈА НА НОЗЕ: Граѓаните протестираат против наплатата на влезница

61
Фото: vecer.press

Граѓаните на Венеција денеска протестираат поради одлуката на градоначалникот Луиџи Бруњаро да воведе такса од пет евра за влез на туристи во градот, која стапува на сила денеска. Градската управа соопшти дека 5.500 луѓе веќе ги платиле билетите за денеска, со што Венеција заработила 27.500 евра.

Целта на воведувањето на надоместокот е да се заштити Венеција од големиот број туристи и, како што рече Бруњаро, градот да стане „повторно погоден за живеење“, пренесува Гардијан.

Влезот во историскиот центар на Венеција ќе може да се плаќа онлајн и оваа уплата ќе биде во фаза на тестирање до 14 јули, главно за викенди и други денови кога се очекуваат голем број туристи.

Кој плаќа влез, а кој не

Жителите на Венеција, вработените во тој град, студентите, децата под 14 години и туристите кои престојуваат во тој град повеќе од една ноќ се ослободени од надоместокот.

Туристите кои ќе дојдат во Венеција во текот на денот, доколку не купат билет преку Интернет, ќе можат да го купат дента, а оние кои ќе бидат фатени без билет во Венеција ќе треба да платат казна од 50 до 300 евра.

Градската управа соопшти дека 5.500 луѓе веќе ги платиле билетите за денеска, со што Венеција заработила 27.500 евра. Овој потег на градската управа наиде на критики од различни здруженија од Венеција кои тврдат дека со ова градот се претвора во „забавен парк“, но и дека наплатата на влезот нема да има ефект.

Членот на Одборот за туризам на Венеција, Симоне Вентурини, и покрај критиките, рече дека ова е првпат градот да се обидува да направи нешто откако „се закочи со масовниот туризам“.

Главниот остров на Венеција изгуби повеќе од 120.000 жители поради масовниот туризам од средината на 20 век.