„Ветвендосје ќе се обиде да ја преземе власта во Р*М“ – најава од Рушити од партијата „Илирида“, кој признал дека „соработуваат со Бугарите“!

„Ветевендосје се обидува да ја прошири својата власт и и во * Македонија.“објави на својот фејсбук-профил Далип Рушити, кој е, според информации во една емисија на „РТВ Илирида“ од 2021 година и интервју со него, е, „член на Централното претседателство на партијата Движење Илирида“.

Рушити пишува: Движењето Ветевендосје ја проширува својата активност и во * Македонија. Премиерот Албин Курти го најави почетокот на Ветевендосје и во * Македонија. Политички субјект како Движењето Ветевендосје може да учествува на парламентарните избори во * Македонија. Се очекува оваа партија во * Македонија да ја предводат Беким Ќоку и Блерим Река.

Далип Рушити во споменатата емисија, која е поставена и на видео-платформата јутуб, јавно признава дека „Движењето Илирида соработува со Бугарите“. Оваа партија, која се уште не се појавува официјално на албанската политичка сцена во Македонија, својата политичка програма ја засновува врз „референдумот за политичко-територијална автономија на Албанците од 1992 година“ и за „основање Република Илирида“ во западниот дел на Македонија.

Останува засега нејасно од која причина нејзиниот активист Далип Рушити го навестува „преземањето на власта во Македонија од страна на Ветвендосје од Косово“. Се уште е нејасно дали би имале и какви можни соодноси Движењето Илирида и Движењето Ветвендосје (на македонски: „Самоопределување“) како две партии на Албанците во Македонија. Во една точка нивните политички програми се совпаѓаат: прашањето на „националното самоопределување на Албанците“ и „формирањето свој автономен албански државотворен ентитет во федерализирана Македонија“.

Токму затоа се бара во планираните промени на уставот на Македонија, покрај „бугарскиот државотворен и конститутивен народ“, во преамбулата да се впише и „албанскиот државотворен народ во Македонија, кој е автохтон на своите албански етнички територии“.

Движењето Ветвендосје – Самоопределување е владејачка партија во Косово и нејзин лидер е актуелниот премиер на Косово Албин Курти, во март годинава од лидерот на Беса Касам Билали прогласен како „премиер на сите Албанци“. Поранешниот пратеник во Парламентот на Македонија Беким Ќоку од Струга е моментно политички советник на Курти за Македонија и во медиумите на албански јазик и на фејсбук истапува во својство како „официјален претставник на Ветвендосје за * Македонија“. Што значи, на директен начин оваа косовска партија постапно веќе влегува во политичкиот живот на Македонија.

Пред два дена Елвис Хоџа, првиот политички советник на Курти и идеолог на Ветвендосје, во својство и како член на Генералниот совет на оваа косовска партија, им упати повик на на Албанците од Македонија „да ѝ бидат спротивставени“; нагласувајќи во тоа интервју: „* Македонија е македоно-албанска држава, но таа не е и држава на Албанците, никогаш не се претставувала како таква. Албанците, кои се второ мнозинство во неа, не се творци на нејзината власт, па поради сето тоа тие треба да бидат опозициски настроени кон неа како држава, да ѝ бидат спротивставени“.

Ова е можеби и првиот политички потег на Ветвендосје во нејзиниот обид да ја преземе власта во Македонија.