Папата повторно го осуди „лудилото на војната“

Поглаварот на Римокатоличката црква денеска повторно ги осуди сите војни, неколку дена откако ги налути Киев и западните престолнини, сугерирајќи дека Украина треба да се предаде и да преговара за мир со Русија.

Папата Франциск за швајцарската телевизија РСИ изјави дека Украина треба „да ја покаже храброста на белото знаме“ и да ги отвори преговорите со Русија, додека неговиот заменик, кардиналот Пјетро Паролин, вчера појасни дека Русија прво треба да престане со својата агресија, пренесуваат британските медиуми.

-Многу млади луѓе ќе загинат (во војна). Го молиме Господ да ни даде милост да го надминеме ова лудило на војната, кое секогаш е пораз, рече папата на аудиенција на плоштадот Свети Петар на Ватикан.

Тој денеска директно не ја спомена Украина или која било друга зона на конфликт, но кажа дека претходно добил бројаница и копија од Евангелието што му припаѓале на човек кој бил убиен на неодредена линија на фронтот.

Претходна вестМира Симоновски на 74 години се искачи на Килиманџаро, тоа досега им успеало само на уште двајца луѓе во светот
Следна вестСтоилковски: Во неполни 20 дена Филев директор на ЦСР Радовиш од СДС, два пати е апсен