ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Никој не сака да биде шампион во ПМФЛ

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 30. КОЛО

Неверојатни натпревари ни донесе 30. коло во Првата македонска фудбалска лига. Најдобро од водечкото трио помина Шкендија која со неверојатна завршница успеа да ја анулира негативата од 0-2 против АП Брера и да слави со 3-2. Од друга страна првите два ривали на тетовиц, Струга ТЛ и Шкупи повторно доживеаја порази. Актуелниот шампион загуби на гостувањето кај Тиквеш со 3-2, а овој пораз значеше и крај за стратегот Шпетим Дуро. Шкупи исто така загуби на гостувањето кај Гостивар со 2-0 па на три кола до крај водечкото трио е на кота 58. Вардар стигна до голема победа од 0-3 на гостувањето кај Брегалница, додека Воска славеше со 0-2 над Македонија ЃП. Во последниот дуел од оваа рунда Работнички во Кратово беше подобар од Силекс со 0-1.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Даниел Мојсов (Тиквеш) 

Тиквеш продолжува со одличните партии. Следен на менито на кавадарци беше актулениот шампион Струга ТЛ кого во неверојатна завршница успеаја да го добијат со 3-2. Најдобар фудбалер на овој меч беше искусниот Даниел Мојсов кој одличната игра ја круниса и со еврогол.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ѓорѓи Мојсов (Тиквеш)
Тиквеш продолжува со одличните партии. Следен на менито на кавадарци беше актулениот шампион Струга ТЛ кого во неверојатна завршница успеаја да го добијат со 3-2, а повторно стратегот Ѓорѓи Мојсов се покажа како одличен мотиватор во клучните моменти од мечот. Затоа епитетот тренер на колото е и повеќе од заслужен.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Даниел Мојсов (Тиквеш) 

Тиквеш продолжува со одличните партии. Следен на менито на кавадарци беше актулениот шампион Струга ТЛ кого во неверојатна завршница успеаја да го добијат со 3-2. Покрај лудата завршница овој меч го одбележа и евроголот на искусниот Даниел Мојсов кој и повеќе од заслужено е избран за најубав на рундата.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

Се вчитува...