Црвена ѕвезда е последниот полуфиналист на јадранската АБА-лига

Кошаркарите на Црвена ѕвезда се последните полуфиналисти на јадранската АБА-лига откако со максимални 2-0 ја добија серијата против Студентски центар од Подгорица.

За разлика од првиот натпревар во Белград, кога Црвена ѕвезда победи со минимални 83-81, денес во Подгорица дилемите околу победикот беа решени многу рано, а победата на крајот беше со убедливи и рутински 77-92.

Победникот беше решен уште во првата четвртина, која ја добија „црвено-белите“ со 12-29, а на полувремето имаа водство од плус +23 поени. Противник на Црвена ѕвезда во полуфиналето ќе ѝ биде екипата на Мега МИС.

- Оглас -

Најнови вести