Томасон го напушти Блекбурн, ќе стане селектор на Шведска

Јон Дал Томасон си замина од тимот на Блекбурн за да го преземе кормилото на Шведска.

Медиумите на Островот пренесуваат дека Томасон добил понуда која не може да се одбие, а на клупата на Блекбурн ќе седне Џон Џастис.

„Скај Спортс“ објави дека е постигнат вербален договор меѓу Џустис и управата на Блекбурн и дека таа набргу ќе биде официјализирана.

Станува збор за стручњак кој неодамна доби отказ на кормилото на Бирмингем.

Што се однесува до Томасон, според шведските медиуми, тој прифатил да го преземе кормилото на репрезентацијата од Џејн Андерсон. Андерсон доби отказ по лошиот резултат во кавлификациите за пласман на ЕУРО 2024.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО