Breaking News

Латвијците повикани своите подруми да ги претворат во засолништа од воздушни напади


   Властите на Латвија, балтичка земја што е соседна со Русија, денеска ги повикаа граѓаните да ги претворат своите подруми во засолништа за воздушни напади, по повод традиционалниот национален ден на чистење во земјата.


„Апелираме до сите – при големото чистење, но и потоа  – подрумите да можат да се користат како засолништа во случај на потреба “, изјави градоначалникот на Рига, Вилнис Кирсис.


Градоначалникот додаде дека општинските службеници ќе се грижат за шпдарумите што му припаѓаат на градот.

Комисијата за цивилна одбрана во Рига објави дека „подрумите на јавните згради, училиштата, пензионерските домови, болниците и другите градски простории ќе бидат проверени од надлежните органи и ќе бидат подготвени како засолништа во случај на напад“.


„Имаме намера секој месец до крајот на годината да подготвуваме околу 100 засолништа“, соопштија од комисијата. зш/ .

Извор: МИА