Здравство на стаклени нозе

Објавил: Калина Мартинска | 22 април, 2024 18:31

Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред МЗ

Фото/Текст извор: ©sitel.mk

Со куфери и авионски билети во еден правец приватните специјализанти во 5 до 12 се собраа на уште еден протест пред министерството за здравство.

После една недела штрајк иако ниту едно од барањата не е исполнето најавија дека штрајкот времено го ставаат во мирување за да помогнат во функционирањето на клиниките.

Специјализантите најавија дека иако ќе продолжат со работните обврски секој вторник во 11 за време на паузите ќе се собираат во паркот на Клинички за да покажат како што велат дека се тука.

Демири пак најави доколку и по изборите остане министер ќе се заложи приватните специјализанти да добијат поголема плата, но под услов да работат во региони каде има недостиг на кадар од нивните специјалности.

Приватните спшецијализанти и на денешниот протест се оградија од политички влијанија и потенцираат дека штрајковаат зошто биле доведени до раб на егзистенција и биле принудени да заминат во странство.

Види и ова:

Хирургот Филипче откога ги реши проблемите со Специјализантите, се зафати и со струјата?!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.