29 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Цирих е најскапо, во Каиро е најевтино – каде е Скопје...

Во Цирих е најскапо, во Каиро е најевтино – каде е Скопје во поглед на цените на такси-услугите?

Во ера на глобализација и постојано движење, такси услугите стануваат сè поважен сегмент во секојдневниот живот на луѓето.

Сепак, цените за овие услуги значително се разликуваат од град до град.

Според најновите податоци, Лондон е меѓу најскапите градови за возење со такси, додека во Каиро може да се возите за многу малку пари.

Па така, цената на километарот во Каиро изнесува 10 центи, во Бангкок е 15 центи, во Москва е 23 центи, Мексико Сити – 23 центи, Џакарта – 26 центи, Бангалор – 26 центи, Мумбај – 27 центи, Пекинг – 29 центи, Куала Лумпур – 32 центи, Букурешт – 36 центи.

Првото место на листата од 10 најскапи градови за возење со такси во светот се наоѓа Цирих – 4,47 евра, а потоа следува Женева – 2,86, Токио – 2,5, Лондон – 2,4, Берлин – 2, Амстердам – 2, Келн – 2, Копенхаген – 1,94, Антверпен – 1,94, Штутгарт – 1,94 евра.

Нашиот главен град се наоѓа некаде измеѓу двете листи на најскапи и најевтини градови за возење со такси. Цената на километарот во Скопје изнесува 25 денари, односно околу 40 центи.
Во контекст на ова, скопски таксист изрази незадоволство од цената од 25 денари за километар, истакнувајќи дека таа е прениска кога се земаат предвид трошоците за одржување на возилото, цената на горивото, лиценцата и редовните технички прегледи, како и казните од полицијата.

„Иако цената од 25 денари за километар може да изгледа прифатлива на прв поглед, сепак таа цена не ни ги покрива сите трошоци што ги имаме. Секој ден е борба да се излезе на крај со трошоците. Цената на горивото и одржувањето на автомобилот се зголемуваат, а цената што ја наплаќаме останува иста, И лиценците и редовните технички прегледи претставуваат значителен финансиски товар, а казните од полицијата само го зголемуваат притисокот. Понекогаш се чувствувам како да работам само за да ги платам сметките“, ни изјави Бошко, таксист од Скопје, инаку дипломиран фармацевт.

Оваа ситуација укажува на потребата од реевалуација на ценовната политика за такси услугите, не само во Скопје, туку и во другите градови низ светот, за да се осигура дека таксистите можат достоинствено да заработуваат и да продолжат да ја обезбедуваат оваа важна услуга за граѓаните, особено за туристите.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП