Два питбула убија 13-месечно дете, трагедија во Италија

Два питбула убија 13-месечно дете, трагедија во Италија

пред 4 недели

Утрово во Италија, во провинцијата Салерно, два питбула нападнале тринаесетмесечно момче Франческо Пио Д’Амара и го убиле. Кучињата го нападнале во дворот на селската куќа. Мајка му и вујко му се обиделе да го спасат, но кучињата ги повредиле и нив. Според првите информации на полицијата, која на местото на несреќата пристигнала со возило на брза помош, сопствениците на кучињата биле познаници на мајката. Кучињата биле пуштени на слобода во дворот на семејната куќа, а тие го нападнале детето бидејќи го гледале или како играчка или како закана.

Паола, мајката на детето, по несогласувањата со сопругот се преселила во Камполонго, каде изнајмила дел од селската куќа во која живеела сама со синот. Питбулите им припаѓале на сопствениците на куќата кои живееле во друг дел од двокатната зграда, пишува Salerno Corriere.

Според соседите, кучињата досега не покажале знаци на агресија. Градоначалникот на Еболи, Марио Конте, изјави дека администрацијата ќе ги сноси трошоците за погребот на детето. Во Италија не постои список на потенцијално опасни кучиња. Во 2006 година, Министерството за здравство донесе правилник во кој беше вклучен список на раси кои се сметаат за опасни, но оваа одредба подоцна беше укината.

Текстот Два питбула убија 13-месечно дете, трагедија во Италија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top