СИТЕ ЈА ЗНАЕЈА КАКО СЛАЃАНА МИЛОШЕВИЌ, но тоа не беше нејзиното вистинско име, беше принцеза во поранешна СФРЈ

Слаѓана Милошевиќ често зборуваше за нејзината тешка здравствена состојба.Веста дека рок-дивата  Слаѓана Милошевиќ  почина на 69-годишна возраст го потресе целиот регион, а таа долго водеше тешка борба со опасната болест.Таа своето семејство го нарекуваше „семејство на лудиот научник“ и откри дека нејзиниот дедо често сакал да прави некои чудни напивки.Сепак, малку е познато дека вистинското име на Слаѓана е Александра.За Слаѓана зборуваше и Пауло Коељо, кој напиша: „Таа има нешто на што отсекогаш сум се восхитувал кај луѓето: срцето да сонува и храброста да ги претвори соништата во реалност.“?Да потсетиме, таа во 1977 година се појави на површината на југословенската поп-рок сцена со песната „Ау, ау“ и истата година го имаше првиот голем настап на концертот кај Хајдучка чешма, каде што настапи пред Бијело Дугме. Слаѓана почна да крши табуа кога објави песна наречена „Секси дама“, која беше забранета да се емитува на бројни радио и телевизиски програми.Покрај завидната кариера во Југославија, таа во 1983 година издаде албум во Германија кој таму постигна голем успех, а неколку години подоцна во САД свиреше со групата “Baby Sister”.Во Југославија, нејзината дуетска песна со Дадо Топиќ, „Принцеза“, која е снимена во 1984 година и преведена на англиски, доживеа огромен успех. Во својата повеќедецениска кариера, Милошевиќ за својата работа многупати била наградувана со најпрестижните награди.

Пронајдете не на следниве мрежи: