Садио Мане е веќе блиску до Ал Наср во Саудиска Арабија

Садио Мане го напушта Баерн Минхен и својата кариера ја продолжува во Ал Наср во Саудиска Арабија, информираат добро упатени извори блиски до сенегалскиот репрезентативец.

Изминативе денови беа откривани сериозни детали од преговорите на Сенегалецот со богатите Саудијци, за да сега се тврди дека договорот е многу блиску.

Мане, кој по само една сезона го напушта Баерн, во Ал Наср би требало да добие тригодишен договор со плата од 25 милиони евра по сезона.

Се вчитува...