Со поставување на врба околу вратата и желби за добро здравје, денес се празнува Ѓурѓовден

Со поставување на врба пред врата, денес се прославува празникот Ѓурѓовден. Празник која ја празнува природата, разбудување на растителноста и на животот. Традиционално домаќините кои имаат слави си прослауваат се колат јагиња, спремаат трпеза. Анкетираните штипјани за М-Нет телевизија велат дека во секој крај се празнува различно. Во Ерџилија празнуваат крај еден голем камен и адет е оној кој нема дечиња да скрши од каменот и да си фати кум, кој потоа ќе го крсти чедото.

„Ѓуриште викат нели накај Ерџелија, Пиширово, има еден голем камен, на тоа место го прославуват празникот. Колат јагниња, кој нема дечиња крши од карпата па си фаќа кум и потоа кога ќе дојде редот треба кумот да го крсти детето. “

„Некој си има слави на ѓурѓовден , си колат јагниња, кој што има прасенца или кокошка, гуски, прославуват си слава си имаат, куќна некој. Од врба и од топола донесуват и велат дека некоја трева која цфтела розева среќа донесувала за ѓурѓовден се земало.“

„Оде се на ручоци на Шардаванот се оде, кој каде си сака, таму си оде. Берат маслинкички берат се. Оде се на слави на Ѓурѓовден, си прават вечери ручоци си дават„ – изјавиа Штипјани

Штипјани кои посочиа дека денес се оди на Шардаванот, а се берело и од трева која цфтела розева, па се верувало дека носела среќа и бериќет. Адет е и да се набере лепешка, вид на трева која ќе се постави околу телото и се верува дека господ ќе дари здравје.

„Менува ден, дата не менува, ако е петок, сабота или недела повеќе се празнува, а обичен ден потешко затоа што луѓето се на работа.“ – додаваат штипјани

Овој христијански прзник секогаш се слави на 6 мај, менува ден, но не и дата. Празникот се слави секоја година, но велат дека кога празникот се паѓа за време на викенд тогаш има и повеќе гости, затоа што ако е преку неделата сите си имаат свои обврски.

Лаура Стојанова, М-Нет