Кристал Палас го декласираше Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Кристал Палас продолжија со фантастичните настапи против тимовите од горниот дел на табелата во Премиерлигата откако во 36. коло славеа со убедливи 4-0 против Манчестер Јунајтед.

Голеадата во Лондон започна во 12. минута кога мрежата на Онана ја затресе Олисе, а до полувремето домаќините имаа преднот од 2-0 со голот на Матета. Мичел во 58. минута постигна гол за 3-0, а конечниот резултат го постави Олисе со својот втор гол во 66. минута.

Со 43 освоени бодови Кристал Палас останува сигурен од релегација на средината на табелата, додека Манчестер Јунајтед до последното коло ќе стравува за место во европските натпреварувања следната сезона.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...