Земјотрес со јачина од 4.3 степени по Рихтер го погоди северозападот на Турција

377

Земјотресот се случил во 6.57 часа на длабочина од 9,52 километри, соопшти Турската управа за катастрофи и вонредни ситуации.

Засега нема информации за повредени.

Во земјотресот од 5,9 степени по Рихтер што ја погоди таа област во средата повредени се најмалку 93 лица.

Тој земјотрес се почувствува и во Истанбул, Анкара и други делови од регионот, а пријавени се десетина дополнителни потреси, вклучувајќи еден со јачина од 4,3 степени, пренсе Ројтерс.