Рутата на Алиоски од Ал Ахли, води (повторно) кон – Турција?

Македонскиот фудбалер Езѓан Алиоски и понатаму разгледува опции за заминување од Ал Ахли, каде нема баш период со кој може да се пофали.

На Алиоски му е ставено до знаење дека тешко ќе дојде до место во првиот тим, бидејки ростерот на Ал Ахли во моментов е прекуброен, односно има многу играчи на неговата позиција.

Како одат работите, за Алиоски последна опција или надеж е заминување во Турција, од каде постои интерес за неговите услуги од турскиот клуб Анкарагучу, со кои е наводно веќе во преговори.

Медиумите во Турција јавуваат дека постојат напреди преговори и дека се „пеглаат“ финеси во договорот на Алиоски со Анкарагучу.

Како приоритет за Алиоски во овој клуб бил дека мора да биде дел од првиот тим и да добие сериозна минутажа, со која би си ја вратил формата која ја посакува. Алиоски во минатото го носеше дресот на Фенербахче, па не би било лоша опција за Македонецот да се врати таму.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО