Breaking News

Лагумџија: Конечниот предлог за Резолуцијата за Сребреница испратен до ОН


Амбасадорот на БиХ во ОН Златко Лагумџија изјави дека „по неколку рунди инклузивни консултации, конечната нацрт-резолуција“ за Сребреница била испратена до претседателот на Генералното собрание на ОН и до сите постојани мисии во ОН.


„По неколку рунди инклузивни консултации, конечниот предлог на Резолуцијата „Меѓународен ден на размислување и комеморација на геноцидот во Сребреница 1995 година“, од страна на „преку-регионалната основна група“, отиде до претседателот на Генералното собрание на ОН и сите постојани мисии во ОН“, напиша Лагумџија синоќа на мрежата Икс.


паг/Фото: МИА архива       .

Извор: МИА