Ембид не може сам па прави „дрим тим“ за да го покори Јокиќ

Филаделфија игра нова разочарувачка сезона во која и покрај тоа што успеа да намали на 2-1 во четвртфиналето со Њујорк реалниот квалитет на тимот е далеку од посакуваниот со кој франшизата од Истокот би можела да ја покори НБА лигата.

Трикратниот шампион на најсилното кошаркарско првенство сепак има „отворен“ пат кон составување на „дрим тим“ за престојната сезона со оглед на тоа што само три кошаркари: Џоел Ембид, Пол Рид и Рики Консил ќе бидат под договор.

Раководството на тимот веќе има и трансфер цели. Високо на листата се наоѓа Пол Џорд кој доколку не успее да ја освои шампионската титула со ЛА Клиперс се очекува да ја примени средината. 33-годишникот кој е во последната година од договорот има можност да ја продолжи соработката со тимот од Лос Анџелес за дополнителна сезона за сума од речиси 49 милиони долари, но со оглед на годините голема е веројатноста дека ќе бара долгорочен договор на ново место.

Покрај Џорџ на листата на желби е и Ендру Вигинс кој не е задоволен од статусот кој го има во Голден Стејт.

Се вчитува...